25 години на Македонски олимписки комитет (ФОТО)

Македонски олимписки комитет (МОК) ја одбележа 25-годишнината од постоењето во хотелот Холидеј ин во Скопје.

Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, во своето излагање исткана дека во хотелот е поставена плоча кој аќе потестеува дека на 20 март 1992 година на ова место, тогашен Гранд Хотел (сегашен Холидеј Ин), е основан Македонскиот олимписки комитет.

„Чест ми е што сме дел од овој јубилеј на Македонскиот Олимписки Комитет. Изминативе две ипол децении максимално се трудевме за нашите натпреварувачи да имаат што подобри резултати на Олимписките игри. Во иднина ќе продолжиме со истото ова темпо и нема да застанеме тука” изјави претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Голем број на Олимпијци, спортисти, тренери, спортски административци, стопанственици и други лица кои се дел од развојот и растењето на Македонскиот олимписки комитет беа присутни на свеченото одбележување, а плакети за својата успешната работа и големиот придонес во развојот на Македонскиот олимписки комитет добија Велко Андреев, Зоран Гапиќ и Михајло Михајловски.

Претседателот Тупурковски истакна дека спортот треба да стане уставна категорија и дека за него држвата треба да се грижи како и за културата. Иако времињата биле тобулентни МОК си ја завршил својата работа, а според Тупурковски, чудно е како оваа спортска организација не доби и симболично признание. Од друга страна, тој нагласи дека МОК го помогнал спортот со 20 милиони долари.

Меѓу гостите беше и единствениот освојувач на медал во независна Македонија, Могамед Ибрагимов кој на ОИ во Сиднеј, Австралија, 2000 гоидна се закити со бронза.

Свечен карактер на ова одбележување дадоа и студентите од Факултетот за музичка уметност.
Да веруваме дека сите заедно ќе бидеме сведоци на една многу посветла иднина за сите идни Олимпијци и дека сите заедно ќе се радуваме на многу големи и врвни успеси на македонските спортисти.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО