Државниот првак Азра Цури се повлекува од карате спортот, КФМ по „свои“ критериуми не ја зеде во репрезентацијата за СП

Откако Карате федерацијата на Македонија (КФМ) не ја зема државната шампионка Азра Цури во составот на репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Тенерифе, Шпанија, од 25 до 29 октомври, таа и нејзините родители донесоа одлука да се повлече од карате спортот, а клупскиот тренер и поранешен европски првак, како и татко и излего со реакција на нелогичната одлука на Федерацијта.

„Иако е Државен првак и најдобра во Македонија во својата категорија, како и неколку други каратисти, КФМ усвои услов кој селективно го применува и во пракса се покажал неоправдан (Антиќ, Стефановска, Заборска и многу други ). Забраната за настап на Светско првенство во Шпанија е само уште една причина од многуте Азра и нејзиното семејство да решат по 12 години активно тренирање и натпреварување да се повлечат од овој спорт. Дали Азра барем на некој начин и наштети на оваа федерација? Некого да навредила? Со никој не се скарала, а, пак, да се степа со некого, не дај Боже (можеби така ќе беше наградена)“, вели тренерот на Азра, Елвир Куртановиќ.

Жртвата за да се натпреварува и ја преставува Република Македонија е голема, објаснува татко и на Азра, потрошено време во тренирање, редуциран социјален живот, повреди и нивно санирање.

„Потрошени средства за учество на натпревари (до сега околу 10.000 евра), се само мало доказ колку на Азра, нејзините родители и клубот им значеше спортот. Едноставно, не знам дали вреди веќе да продолжиме.  Ќе ја насочиме целата енергија, време и средства таму каде што е најпотребно, бидејќи на крајот јас ќе бидам крив затоа што моето дете некорисно ги потрошила своето време и потенцијали“, вели татко и на Азра, Дини Цури.

Иако кимоното на Азра и нејзината енергија секогаш ќе ни недостасуваат во клубот, потполно ја разбирам одлуката на Азра и нејзиното семејство, вели Куртановиќ и додава дека нејзе и е најтешко, а загубата е голема и за нивниот клуб.

„Нема да се откажеме! Ќе останеме до крај на нашите укажувања за незаконитоста и лошиот стратегиски и ситуационен менеџмент на раководството на КФМ. Уште многу што има да се каже и докаже. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на крајот на лошите и селективни решенија, кои на крајот завршуваат на штета на најзаслужните, спортистите и нивните тренери“, објаснува Куртановиќ.

Понатаму тренерот на Кеикс истакнува дека судејќи по многу незаконски и нелогични решенија, КФМ работи во спротивност на интересите на клупските тренери и нивните спортисти. И покрај тоа што не мари за вакви случувања, откажувања на спортисти кои се многу чести во последно време, на што укажуваат празните категории, посебно кај женската популација. КФМ е во кавга со најуспешните и најтрофејните клубови во Македонја.

„Ќе заклучам, за да биде јасно на сите, ВКФ (Светската карате федерација) не и забранува на Азра и уште неколку каратисти да настапат на Светското првенство во Шпанија, туку забраната е од КФМ (Карате федерација на Македонија). КФМ треба да овозможи, а не да забрани натпреварување. Тоа ви е како некој да ви забрани слободно да влезете во земјите на ЕУ, затоа што треба да исполните предуслов, без тоа да го наложува ЕУ, или да му забраните на музичарот да свири, на сликарот да слика па и на спортистот да се натпреварува“, заклучува Куртановиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON