По успешната операција, Тито Ортиз најавува враќање

Нешто порано оваа година поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, член на „Куќата на славните“ на УФЦ, предизвикувач во Белатор или општо кажано ММА легендата Тито Ортиз, објави дека се повлекува од спортот на Белатор 170, откако се откажа еден друг ветеран и неговиот ривал Каел Сонен.

Очигледно 42-годишната легенда се подготвува за враќање. Во саботата објави на Инстаграм дека имал успешна операција на вратот и дека откако ќе закрепне ќе дојде време да му ја удри клоцата по газот на Каел Сонен.

„Жив сум, излечен сум, сега е време да се подготвувам, бидејќи Каел ќе ти го исклоцам газот“!

Сонен се обидува да го предизвика Ортиз уште по завршувањето на нивната битка во јануари на Белатор 170. Изгледа дека зборовите на трикратниот претендент за титулата во УФЦ почнуваат да стигнуваат до легендата.

Без разлика дали Ортиз ќе се врати, се разбира, останува да дознаеме дали тоа ќе се случи, иако е очигледна неговата намера. Што и да се случи, Ортиз ќе има доволно време за да ги преиспита своите можности, како што наскоро нема да биде опоравен од оваа операција на вратот.

Тито Ортиз се повлече од спортот со скор 19-12-1. Победи во три од последните четири борби против Алексанадар Шлеменко, Стефан Бонар и Сонен во кафезот на Белатор, а поразот му е од тогашниот шампион Лијам Мек Гери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО