Дритон Кука – мајсторот во косовската фабрика за џудо шампиони

За три дена Косово освои два златни медали на Олимпијадата во Токио. Тие беа во џудо, па така земјата сензационално заврши на второто место во табелата, зад хегемонот Јапонија.

Дритон Кука е особено заслужен за успехот на косовското џудо.

Ова е тренерот кој освои три златни медали за инаку младата нација во две изданија на Игрите.

Се започна во 1999 година, кога Кука започна со своја џудо школа. Порано се натпреваруваше, но војната на Балканот му го одзеде сонот.

„Запрев во 1991 година кога имав само 19 години“, се сеќава Дритон, кого сите го нарекуваа Тони.

„Во тоа време бев еден од најдобрите во националниот тим (на Југославија).

Кога започнав со школата за џудо? Морав да бидам тренер, нутриционист, психолог и физиотерапевт. До неодамна, немавме апсолутно никакви услови за развој на спортот на толку високо ниво“.

Во Токио 2020 виде две негови натпреварувачки со злато – Дистриа Красниќи и Акил Ѓакова. Мајлинда Келменди стана шампионка пред четири години.

„Не знаев ништо за овој спорт, но Тони ме запали“, признава Келменди.

Во моментов таа и Кука се сметаат за национални херои.

Се повеќе деца во земјата почнуваат да практикуваат џудо и се предвидува дека боречките вештини наскоро може да го заменат фудбалот по популарност.

Дритон Кука е „белата ластовичка“ на Балканот и неговата напорна работа веќе се исплати.

„Пред неколку години, мојот сон почина. Но, сега се е одлично и ги поминав моите најголеми соништа одамна “, додава Кука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON