Дритон Халими го освои првото место на Игрите за деца од Румелија во Коња-Турција, извојувајќи три победи.
Халими прво ги совлада противниците од Азербејџан и Германија, аво финалето беше подобар од домашниот натпреварувач, совладујавќи го 2-1.
„Дритон одлично се бореше со тројцата противници, иако беа силни конкурентите тој покажа зрелост во извонредна конкуренција“, изјави тренерот од КК Фати, Арлинд Хусеини.
Вегим Мурати (+70 кг) од Шкендија мораше да с езадоволи со сребрениот медал, бидејќи во финалето беше поразен со 3-1 од каратист од Турција. Мурати може да жали, затоа што златниот медал го изгуби во последните секунди.
Марко Бунтески од Форца е трет во кати.
Во генерален пласман девојките се трети, додека денешните резултати не искачија едно место погоре.