На Меѓународниот џудо куп „Требиње 2020-Меморијал Милош Мрдиќ“во Требиње, Босна и Херцеговина, ЏК Дрим од Струга освои освои три медала – 2 златни и 1 сребрен.
Со медали се закитија:
Дорија Петкоски (-22 кг) – златенХристијан Глигороски (- 90 кг) – златен
Марко Нелоски (-50 кг) – сребрен.На купот учествуваа 550 натпреварувачи од 10 држави, односно 59 клубови.
„Во одлично светло се покажаа и Илија Тодороски, Андреј Славкоски и Андреј Симоноски, но не успеаја да се закитат со медал“, велат од клубот.