Фантастичниот јужноафрикански борец Дрикус ду Плесис на одличен начин ја одбрани титулата во средна категорија на УФЦ.
Ду Плесис го победи Израел Адесања со завршница (задушување од одзади) во четвртата рунда на настанот УФЦ 305 во Перт.
Клучниот момент се случи во четвртата рунда која Адесања ја отвори со одличен аперкат, а потоа успешно се одбрани од соборување.
Дрикус трпеливо ја чекаше приликата што се укажа во втората половина од рундата, прво добро го затресе Израел, а потоа го собори на подот.
Без многу мака, му дојде зад грбот и со рацете цврсто го фати за вратот Адесања, принудувајќи го да се предаде.
WHAT A PERFORMANCE BY THE CHAMPION! 😤@DricusDuPlessis defends his middleweight title by forcing Israel Adesanya to tap! #UFC305 pic.twitter.com/SYa24zbUKa
— UFC (@ufc) August 18, 2024
Тоа беше десета победа во низа на шампионот и осма во најголемата светска ММА организација, а прва одбрана на титулата која ја освои во јануари со триумфот против Шон Стрикленд.
DRICUS DU PLESSIS SUBMITS ISRAEL ADESANYA IN THE FOURTH!!!
AND STILL!!#UFC #MMA #UFC305pic.twitter.com/PlgytBLuVk
— Championship Rounds (@ChampRDS) August 18, 2024
Од пресметката меѓу Каи Кара-Франс и Стив Ерцег многу се очекуваше, но за жал на Австралиецот со хрватски корени таа заврши во првата рунда.
Одличниот Кара-Франс потврди дека малкумина во оваа категорија така силно удираат и со прекин во последната минута од првата рунда стигна до победата над Ерцег.
Ден Хукер потврди зошто е еден од највозбудливите борци во УФЦ.
Новозеландецот во одличен и неизвесен меч во лесна категорија со поделена одлука го совлада Полјакот Матеуш Гамрот.
Dan Hooker wins a CLOSE Split Decision! 👏#UFC305 | @DanTheHangman pic.twitter.com/EZ9QzDphzY
— UFC (@ufc) August 18, 2024
Неизвесно беше и на мечот во тешка категорија во кој Жаирзињо Розенструик исто така со поделена одлука го совлада Таи Туиваса.
За жал, тоа беше петти пораз во низа за Туиваса, што веројатно ја запечати неговата судбина во УФЦ.
Карлос Пратес одлично ја искористи приликата и со убедлив настап потврди зошто е голем фаворит против Ли Џинглијанг.
Бразилецот импресионираше со смиреноста, а победи со нокаут во втората рунда, тоа беше негов десетти триумф во низа и 15-ти нокаут во кариерата.
Резултати од настанот УФЦ 305:
Диркус ду Плесис – Израел Адесања – завршница (задушување од одзади), Р4 (3:38)
Каи Кара-Франс – Стив Ерцег – ТКО (удари), Р1 (4:04)
Ден Хукер – Матеуш Гамрот – поделена одлука (28 – 29, 29 – 28, 29 – 28)
Жаирзињо Розенструик – Таи Туиваса – поделена одлука (29 – 28, 27 – 30, 30 – 27)
Карлос Пратес – Ли Џинглијанг – КО (удар), Р2 (4:02)
Воведни борби:
Волтер Вокер – Жуниор Тафа – завршница (хил хук), Р1 (4:56)
Рикардо Рамос – Џошуа Кулибао – поделена одлука (29 – 28, 28 – 29, 29 – 28)
Кејси О’Нил – Луана Сантос – едногласна одлука (30 – 27, 30 – 27, 30 – 26)
Џек Џенкинс – Херберт Барнс – ТКО (завршница), Р3 (0:48)
Том Нолан – Алекс Рејес – едногласна одлука (30 – 27, 30 – 27, 29 – 28)
Песна Кенан – Рики Глен – едногласна одлука (30 – 27, 30 – 26, 29 – 28)
Хесус Сантос Агилар – Стјуарт Никол – тех. завршница (гилотина), Р1 (2:39).