Драстично: Сопругата Полина го довела во ред Александар Емилијаненко

ALEKSANDER EMELIANEKO porano i sega

Брат на славниот Федор Емилијаненко, Александар неодамна е ослободен од затвор откако неговата казна беше заменета со условна. Потсетуваме, овој руски ММА борец по низа проблематични однесувања и проблеми со законот во минатото, 2015 година повторно е осуден на затвор за сексуално малтретирање на слугинката Полина Степанова. Иако е осуден на пет години затворска казна, Емилијаненко е ослободен во октомври 2016 година за да остатокот од казната го отслужи „условно“.

Само неколку месеци подоцна, се чини дека неговата сопруга Полина Емилијаненко го ставила во ред. Чист и уреден, неодамна истржен и елегантно облечен, братот на Федор е вистинска спротивност на појавата која до неодамна ја гледавме на шокантните фотографии. Очигледно во животна криза, Емилијаненко навистина изгледаше многу запоставен, а тогаш беше неверојатно дека Александар ќе го гледаме во вакво издание и тоа во посета на познатиот Таганка театар во Москва. Имено, Полина во вторникот на официјалниот Инстаграм се пофалила со фотографија на која позира во фоајето на театарот пред настапот. Се очекува дека Емилијаненко наскоро би можел да се врати и на професионалната сцена. Последниот мел го направи во 2014 година кога загуби од непознатиот Дмитриј Сосновски. Во 36-тата година од животот Емилијаненко има 23 победи и 7 порази.

https://www.instagram.com/p/BPH1b3oBBP2/?taken-by=polinaemelianenko

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON