Драги Стојановски и по трети пат е избран за претседател на Карате федерацијата на Македонија.
Стојановски на денешното изборно Собрание на КФМ беше избран речиси едногласно, бидејќи од 46 делегати 45 гласаа за него, а едно ливче беше неважечко.
Целта во третиот мандат ќе биде одење на Олимписките игри во Токио 2020 година, затоа што се очекува каратето во мај годинава да биде ставен на програмата на ОИ од страна Меѓународниот олимписки комитет.
Покрај изборот на претседател, денес се бираа и членови на другите тела, како Извршниот одбор и Надзорниот одбор, но без некои поголеми промени.
Собранието се одржа на Универзитетот за туризам и менџамент.
Ipon.mk/В.Д.