Некое време се зборуваше за дуелот на Дерик Луис и Алистер Оверим.
Но, се чини дека „Црниот ѕвер“ во следната борба се среќава со Жуниор дош Сантос.
MMA Junkie објави дека борците вербално се согласиле на борбата која ќе биде главна на настанот на УФЦ на ЕСПН + 4 на 9 март во Вичита, Канзас.
34-годишниот Дош Сантос го порази Благој Иванов со едногласна одлука, откако беше поразен од Стипе Миочиќ во мај 2017 година, а во последната броба во декември славеше против Тај Туиваса со нокаут во втората рунда.
На Луис ова ќе му биде првиот меч по поразот во номеври со сабмишн за титулата во тешка категорија од Даниел Кормиер.
https://www.youtube.com/watch?v=bmXR2EyNm2M
.