Дош Сантос: Го мрзам здодевниот стил на Блејдс

Поранешниот шампион во тешка категорија Жуниор дош Сантос се враќа во окатагонот. Тој ќе се бори во главната борба на настанот во Рајли, до која  преостануваат уште неколку часа. Негов противник ќе биде Картис Блејдс, кој има прилично незгоден стил и има изгубено само од Френсис Нгану. Блејдс претпочита да ги спушти противниците во партер каде што ги крши со граунд и паунд, тоа е нешто што го мрази Бразилецот.

Жуниор вети дека ќе го нокаутира Блејдс, кој има здодевен стил. Успешно го поминаа мерењето, а сега е време за борба. „Цигано“ изјави дека не му пречи да ги покажува своите вештини на теренот, но претпочита да се бори на нога за да оди на нокаут.

https://www.instagram.com/p/B7tzyuepqX_/?utm_source=ig_embed

„Не знаев дека Блејдс е трет на ранг-листата кога ми понуди да се борам против него. Не знаев дека нема пораз од никој друг освен од Нгану. Знам дека е тежок противник кој има многу озлогласен стил и го мразам тој стил, што го прави предизвикот поголем за мене.

Ова ме прави многу возбуден и сакам да го нокаутирам или да го завршам. Можеби имам добра можност да ги покажам моите вештини во бразилско џиу џицу. Вие нема да ме видите како барам рушење за да ги покажам своите вештини. Претпочитам да ме соборат, па потоа да им покажам.

https://twitter.com/junior_cigano/status/1220805152548052992?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1220805152548052992&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D824822

Ако ми дозволите да изберам, тогаш претпочитам да разменувам уадри во стој. Тренирам напорно во сите аспекти на борбата. Нема работи што не можам да ги направам. Можам да се борам, да удирам, да се борам на земја, но јас сум боксер и сакам да ги нокаутирам луѓето. Секогаш ќе барам нокаут“, рече Дош Сантос.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=SolezEGGEr4&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON