За време на прес-конференцијата пред УФЦ 197, Конор Мек Грегор подготви еден куп глупости на адреса на шампионот во лесна категорија, Рафел дош Ањош. Ирецот ништо не поштеди кај Бразилецот – семејството, децата и дури националната самодоверба.
Пред мечот на 5 март, Дош Ањошos изјави дека Мек Грегор веќе му влегол во главата.
„Секој противник влегува во моите мисли. Во текот на трите месеци мислам само на него. Тој ми е под кожата, како и секој друг мој противник. Станувам со мислата на него, одам во салата со мислата на него. На овој начин ми е во главата. Нејт Дијаз ме турна за време на мерењето, но јас се борам уште подобро, кога работите се лични. Ќе доминирам.
Алдо долго време му ги слушаше глупостите, а јас ќе го слушам само два месеци. Нема потреба да го гледам сè до недела пред средбата. Ќе доминирам на 5 март. Ќе го ставам во ред. Мислам дека имам доволно искуство од моите 20 мечеви во УФЦ. Не велам дека другите мои противници не беа фокусирани, но јас ќе бидам мирен и ќе се потпрам на стратегијата, бидејќи знам дека победата е моја. Знам, дека на овој човек ќе му биде прекината историјата. Уверен сум дека ќе го победам“.