Доналд Цероне ветува дека често ќе ја брани титулата во лесна категорија, ако ја освои. Овој викенд се враќа во кафезот и ќе се бори против Ал Јакинта во главната битка на настанот во Канада. „Каубојот“ одлучи да се врати во лесна категорија, затоа што верува дека може да стане шампион. Во 2015 година, Цероне имаше шанса да стане шампион, но загуби со нокаут од Рафаел дош Анхош.
По оваа средба се подига во полусредна категорија, во која за години има скор 6-4. Оваа година се врати во лесна категорија и успеа да ја нокаутира младата надеж Александар Ернандез, а победата му донесе 100.000 долари бонус. Сега Доналд сонува за појасот и ветува дека ќе го брани почесто од другите.
„Долги години стојам пред вас и сте ме прашале за титулата, а јас ви кажав дека не ми е гајле за неа. Отсекогаш сум сакал борам и таа не ми била важна. Успеав да ги соборам рекордите и сега решив дека сакам да ја освојам титулата. Велам дека лесната категорија е полна со таленти, но во моментов е малку чудно и истрошено во оваа категорија. Но, кога ќе ја освојам титулата, борците од категоријата мора да бидат подготвени затоа што често се борам. Немам трпение повторно да влезам во кафезот“.