Џаред Канониер: Ќе гледате страотна борба меѓу мене и Андерсон Силва

Џаред Канониер излегува на меч со легендата Андерсон Силва на УФЦ 237, што ќе се одржи во татковината на Силва на 11 мај. Тие ќе се борат во подглавната битка, а Канониер ветува спектакл, при што навивачите ќе аплаудира бурно и за двајцата.

„Возбуден сум што ќе одам на непријателската територија и на место каде што луѓето многу ги поддржуваат нивните борци. Немам проблем со ова и ми е интересно како ќе се сретнат со мене. Знам дека ќе разговараат за тоа како Андерсон ќе ме удри и такви работи. Очекувам сешто од тие навивачи во Рио.

Со сигурност сакаат ова да се случи и Силва ме дотолчи. Фановите ќе гледаат добра борба. Не е важно дали тие ме сакаат или ме мразат, затоа што борбата ќе е страотна. Мислам дека на карајот ќе аплаудираат и за двајцата“.

Џаред доаѓа по нокаут победата над Дејвид Бренч минатата година. Тоа беше деби за него во средна категорија и му донесе бонус. Пред оваа средба, тој беше во серија од два последователни порази во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО