Доналд Трамп доби црн појас, сега е подобар и од Чак Норис

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби големо признание од Светската таеквондо организација Кукивон со седиште во Јужна Кореја.

Донеодаменшниот прв човек на САД ја добива една од најголемите награди во светот на боречките вештини, иако никогаш не ја практикуваше.

Претседателот Ли Донг-суп му додели на Трамп почесен црн појас на 9-ти дан. Овој појас се доделува само на оние кои постигнале најмногу или неизмерно го промовирале спортот.

Ваквиот гест не е невообичаен, но многумина беа воодушевени од фактот што Трамп доби 9-ти дан црн појас, признание кое им се доделува само на најголемите мајстори на оваа вештина и кое досега го заработиле само неколку луѓе.

Трамп никогаш не ни тренирал таеквондо, а Кукивон во објава на Фејсбук напиша дека тоа не е политичка порака.

И 75-годишниот бизнисмен и политичар рече дека му е чест што го добил појасот и се надева дека наскоро ќе ги види на дело најголемите мајстори на оваа вештина.

Истиот појас го има и рускиот претседател Владимир Путин. Сега првиот човек на Русија и Трамп се пред Чак Норис, кој како голем мајстор на боречките вештини има само појас за 8-ми дан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON