Поранешниот борец во тешка категорија, Доналд „Дон“ Фреј, оваа година ќе стане дел од Куќата на славните на УФЦ, тоа беше дефинирано во текот на викендот.
50-годишниот Фреј ја заврши петнадесетгодишна ММА кариера со 20 победи, 9 порази и 1 нерешен резултат. Тој го освои турнирот УФЦ 8 и први шест настапи во октагонот ги заврши со нокаут или технички нокаут.
И денес Дон Фреј е амбасадор на мешаните боречки вештини, своевремено беше една од најпопуларните личности во спортот.
Фреј дури се обиде и во кечерското борење во Јапонија, каде што се здоби со голема популарност.
Приемот во Куќата на славните ќе се одржи на 10 јули.