Мери Акиевска направи вистински бум на првите Европски фитнес игри кои викендов се одржаа во главниот град на светскиот фитне – Санта Сузана, Шпанија. Акиевска победи во јуниорска и сениорска конкуренција и стана апсолутен побендик во велнес-фитнес категориите.
„Според официјалните резултати, на лесен начин извојува победа не само кај јуниорките, што е нејзина категорија според возраста, туку и меѓу добро докажаните сениорки, прво и второ пласираните на Европското првенство за 2021, застанувајки на врвот на победничкиот пиедестал и како апсолутен победник во категориите велнес-Фитнес“, вели тренерот Бобан Ѓороски.