ЏК Пролетер најуспешен на „Прилеп опен 2016“ (ФОТО)

site-proleter-prilep-open-2016

Во генералниот пласман на Меѓународниот џудо турнир „Прилеп опен 2016“наjуспешна е екипата на Пролетер која воедно беше и најбројна со 54 натпреварувачи во сите возрасни категории освојуваќи вкупно 46 медали – 18 златни, 13 сребрени и 15 бронзени.

proleter-na-prilep-open-2016

На 15-от Меѓународен турнир „Прилеп опен 2016“ учествуваа 210 натпреварувачи во 5 возрасни групи У-9, У-11, У-13, У-15 и У-17. Севкупно учествуваа 24 клубови од Македонија и соседните земји како што се Србија, Бугарија, Грција и за прв пат оваа година и од Украина.  Освен аматери, учествуваа професионални џудисти кои се натпреваруваат и на европска сцена.

Златни медали освоија: Најдоски Тео, Барбара Талеска, Мето Лашкоски, Ана-Марија Трајческа, Александра Макеска, Марија Томеска, Теодора Димеска, Марко Кироваков, Мартин Петрески, Хелена Зографоска, Сара Павлоска, Тадеј Галески и Мартин Милчиноски.

ucesnici-na-prilep-2016

Сребрени: Виктор Спиркоски, Јордан Анѓелески, Давор Велкоски, Сара Петреска, Наталија Димеска, Давид Спиркоски, Теодора Димеска, Марија Ѓорѓиоска, Христијан Ангелески, Михаил Павлоски, Симона Стојческа, Христијан Трпкоски и Христијан Ангелески.

Бронзени: Филип Тренкоски, Леонид Бакароски,Нина Николоска, Христијан Богданоски, Борче Ангелов, Гоце Ристески, Дарко Велкоски, Давид, Спиркоски, Михаил Павлоски, Хрстина Ристеска, Валентин Цаневски, Лука Петејчук, Дино Спиркоски, Леонид Гешоски, Анреј Стефановиќ.

prilep-2016-zagrevanje

Турнирот го отвори новиот претседател на ЏК Пролетер, Калед Симонс.

Наредна станица и проверка за џудистите на Пролетер ќе биде престојниот Европски џудо куп во Белград во октомври, каде што веќе го потврдивме учеството на нашите најдобри стандардни репрезентативци Велески Никола, Владимир Стојаноски и Ангелов Борче.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО