Доколку Фјури и Усик имаат реванш, ИБФ ќе му го одземе појасот на победникот! Хрговиќ би можел да боксира против Џошуа

Кон крајот на оваа година или почетокот на следната година ќе има меч за обединување на титулата во тешка категорија меѓу шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури и Александар Усик, носител на појасите на ВБА, ИБФ и ВБО.

Домаќин на големиот боксерски спектакл ќе биде Саудиска Арабија, а познато е дека во договорот има клаузула за реванш.

Таа вест не му се допадна на најдобриот хрватски тешкаш Филип Хрговиќ, кој како задолжителен предизвикувач на ИБФ е следен во борбата за титулата.

Но, од ИБФ велат дека доколку има реванш, тогаш на победникот ќе му биде одземен шампионскиот појас и тогаш шансата треба да ја добие Ел Анимал.

ИБФ испрати писмо до таборите на Тајсон Фјури и Александар Усик во кое потврдува дека победникот од мечот за обединување без исклучок ќе ја брани титулата против Филип Хрговиќ. Доколку Фјури и Усик се согласат на реванш, како што се очекува, тогаш на Хрговиќ ќе му биде наредено да боксира против првиот достапен предизвикувач за испразнетата титула на ИБФ, кој моментално е Ентони Џошуа“, пишува Мајкл Бенсон во објавата на Твитер.

Ова е одлична вест за Филип, кој оваа можност ја чека уште од елиминацискиот меч во кој го совлада Жилеј Жанг, кој беше пред речиси 14 месеци.

Во средината на август Хрговиќ ја потврди позицијата на прв предизвикувач на ИБФ кога ја победи Австралиецот Демси МекКин со прекин во 12. рунда.

Неодамна веќе бевме сведоци како тешката категорија беше запрена со бескрајни реванши, а може да биде така и овој пат. Се надеваме дека ИБФ ќе биде доследна на својата одлука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matchroom Boxing (@matchroomboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО