Договорот на Нгану со УФЦ истекува во јануари, Вајт може и да не го продолжи

Френсис Нгану и УФЦ би можеле да се најдат во крајно конфузна ситуација по одбраната на титулата во тешка категорија закажана за јануари.

Предаторот ќе се соочи со поранешниот соборец Сирил Гане во главната борба на претстојниот настан УФЦ 270 на 22 јануари следната година.

35-годишниот шампион би можел да биде слободен играч по мечот со Гане, бидејќи средбата е последна од неговиот актуелен договор. Нгану и УФЦ беа во напнати односи изминатата година, бидејќи Камерунецот постојано притискаше за посоодветна плата.

Покрај тоа, двете страни се скараа кој да биде следен противник на Нгану. Шампионот сакаше тоа да биде Џон Џонс, но и Боунс падна во немилост поради нивните високи финансиски барања.

„Нашиот шампион во тешка категорија е пред крај на договорот“, изјави Дана Вајт.

„Тоа може да се случи. Во нашиот бизнис често има немири и две страни не се договораат. Борците треба да бидат многу внимателни за тоа кого ќе изберат за свој менаџер.

Ако Френсис сака да биде со нас, тоа е одлично. Но, ако одлучи дека не сака да потпише нов договор, нема проблем. Неговиот актуелен договор истекува во јануари и доколку победи против Гане, веројатно ќе му дадеме уште еден меч“, додаде Вајт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО