Договорена датата за мечот за привремената титула на ВБЦ меѓу Поветкин и Стиворн

povetkin-stivorn

Додека Дионтеј Вајлдер се опоравува од повредата, Александар Повекин и Бирмејн Стиворн ќе се борат привремен шампион на ВБЦ.

Поветкин како задолжителен предизвикувач требаше да се бори со Вајлдер во мај, но по позитивниот допинг тест борба е откажана. Светскиот боксерски совет му одобри на Американецот уште една доброволна одбрана на титулата во која го победи Крис Ареола. Во таа борба ја повреди десната рака и мораше да се подложи на операција заради која отсутвува од рингот до 2017 година.

Победничка понуда за одржување на борбата за привремен шампион ја поднесе промоторот на Поветкин, Андреј Рјабински, а мечот ќе се одржи на 17 декември во Екатеринбург.

Рјабински понуди повеќе од Дон Кинг – 16,3 милиони долари. Двајцата боксери ќе добијат по 1,4 милиони долари плус 10 проценти од износот на најповолна понуда како бонус за победникот на средбата.

Канадскиот Хаитец е единствениот боксер кој со Вајлдер ги одработи сите 12 рунди. „Бронзениот бомбардер“ нокаутира 36 од 37 противници во неговата професионална кариера. Поранешниот ВБЦ шампион го загуби појасот од задолжителниот предизвикувач на Вајлдер во јануари 2015 година. Не бил во рингот од ноември 2015 година, кога успеа да се подигне од подот и да го победи Дерик Роси. Поветкин исто така не се борел од ноември минатата година кога во 12 рунди го сопре Мариуш Вах.

Победникот станува задолжителен предизвикувач на Вајлдер. Враќањето на Американецот е планирано за март 2017 година, но постои можност ВБЦ пред средбата со задолжителниот предизвикувач да му одобри и петта доброволна одбрана на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON