Договорен е мечот за апсолутен светски првак Џошуа – Вајлдер (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер е подготвен да потпише договор за меч со Ентони Џошуа. И не за една, туку за две средби. Првата е во Велика Британија.

Веста ја објави американскиот боксер.

Светскиот боксерски шампион лично ја обелодени веста што долго ја чекаа љубителите на боксот. Таа е потврдена и од неговиот менаџер Шели Финкел.

„Се договоривме за условите со Еди Херн за меч во Велика Британија“, објасни Финкел и додаде:

„Во понеделникот му напишав официјално писмо на Херн. Му реков дека ги прифаќаме нивните услови и да испратат договор“.

Клучната клаузула вклучува задолжителен реванш. Треба да се одржи во САД. Битките ќе бидат за апсолутна светска титула во тешка категорија.

Џошуа, исто така, преговара со Александар Помакин за средба во септември.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО