Договорен е супер меч на Борбениот остров Махачев – Дош Анчос

Ислам Махачев и Рафаел дош Анчос ќе се борат на УФЦ 267! Мечот е дел од силната карта на гала вечерта која ќе се одржи на 30 октомври на „Борбениот остров“ Јас во Абу Даби, ОАЕ.

Требаше да се борат во 2020 година, но средбата два пати беше одолжувана.

Дош Анчос прво во октомври беше позитивен на коронавирус, а потоа Дагестанецот се повелече заради болест.

Во моментов, Махачев е петти во рангирањето во лесна категорија, а поранешниот шампион на РДА е на седмото место. Победникот ќе обезбеди сериозен пробив на првите места во дивизијата.

Ислам се враќа во октагонот со импресивна серија од осум последователни победи. Тој победи на главниот настан на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас пред две недели (17 јули) против Тијаго Мозес со завршница.

Дош Анчос последен пат победи во мечот со Пол Фелдер минатиот ноември со поделена одлука. Претходните три години се бореа во велтер категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО