Договор за мечот Вајлдер-Поветкин ќе има до крајот на месецот

Vajlder-povetkin

Преговорите за мечот меѓу Дионтеј Вајлдер (САД) и Александар Поветкин (Русија) ќе бидат завршени до крајот на месецот. Ова го објави менаџерот на Американецот, Џеј Деас.

Светскиот боксерски совет има закажано лицитација за организирање на средбата. Таа треба да се одржи на 28 февруари. Можно е двете страни да дојдат до договор и пред тоа. Во спротивно, промоторите ќе треба да конкурираат за правото да бидат домаќини на долгочекуваното дерби.

„Во моментов преговорите течат и се надевам дека за 10 дена ќе имаме разврска. Читам материјали во кои се вели дека датумот на натпреварот ќе биде 21 мај, но лично претпочитам да биде 30 април. Никогаш не сме сакале одложување на оваа средба. Бруклин е добра опција за одржување на средбата, бидејќи има сериозна популација од Руси во Њујорк“, рече Деас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON