Договор? Менаџерот на Џошуа се согласува на распределба на колачот 50-50, но со еден битен УСЛОВ!

Конечно! Контроверзниот боксерски и промотор Еди Херн е подготвен да понуди распределба на заработката во сооднос од 50-50 за мечот на Дионтеј Вајлдер против Ентони Џошуа – известува британскиот весник Дејли Стар.

Но, постои само еден услов. Ама битен …

Мечот што следи против Тајсон Фјури мора да го продаде во повеќе од еден милион ППГ-а.

Претходно Херн му нудеше на Американецот фиксно 15 милиони фунти, на што Вајлдер се согласи под услов мечот се одржи во САД. Но, тогаш тимот на Џошуа не се согласи со таа опција, па целата приказна пропадна.

„Слушнав дека Вајлдер јавно истапи и вели дека сака распеделба на парите 60-40, ако го победи Фјури“, рече Херн и додаде:

„Ме фрустрира што луѓето се толку глупави што навистина мислат дека го сака тој меч кога ќе каже нешто вакво. Мислам дека во овој момент распределбата во сооднос 65-35 е поштена. Се разбира, во полза на АЏ“.

Сепак, Херн има нов предлог кој на Америнаецот би му обезбедил 50-50.

„Никој жив не знае кој е Дионтеј Вајлдер. Но, ако неговиот меч против Тајсон Фјури го продаде во повеќе од еден милион ППГ-а, тогаш може распределба во сооднос 50-50“, објасни промоторот и заклучи.

„Но, ако продаде помалку од 300.000, мислам дека мора да се согласи со 80-20“.

Засега не се знае како реагирал Вајлдер на оваа понуда. Неговиот меч против Фјури е закажан за нешто повеќе од еден месец, а потоа очигледно сè ќе биде многу појасно. Двобојот Вајлдер – Џошуа се обидува да се договори речиси веќе една година, но без поголем успех. Главниот проблем е распределбата на колачот од продажбата на продадените ППГ-а.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON