Добар настап на Макпетрол на Карате 1 Серија А, повредата ја спречи Симона Заборска да се замеша во борбата за медали

Денес допатуваа каратистите на Макпетрол, кои ја претставуваа
Македонија на третиот турнир од Светската 1 Премиер карате лига А
серија, кој се одржа во Ларнака, Кипар.

Македонските каратисти имаа добар настап на Карате 1 Серија А во
Ларнака, Кипар, Симона Заборска и Давид Петков може да жалат што не
се борат за медал, а беа на чекор до тоа.

Најдобар впечаток остави искусната каратистка на Макпетрол, Симона Заборска,
таа во елиминацискиот дел забележи три убедливи победи, во осминафиналето
заработи тешка повреда на носот на пет секунди пред крајот со Ксенија
Дрончанка од Полска. Симона доби лекарска забрана да ги продолжи борбите и
серијата на победи, нејзината противничка во четвртфиналето Мирна Атија од
Египет се пласира во финалето, но забраната за настап ја ограничи Симона и таа
на крајот го заземе високото 7 – мо место во конкуренција на 96 спортистки во
категоријата -55 кг од 83 држави

Резултати – Карате 1 Серија А:

-55 кг
Симона Заборска – Софи Сантило (Англија) 4-1
Симона Заборска – Лаура Бергант (Словенија) 3-1
Симона Заборска – Ксенија Дрончанка (Полска) 1-0
Симона Заборска – Мирна Атија (Египет) 0-0
-61 кг
Викторија Јовановска – Алис Варџиу (Италија) 2-1
Викторија Јовановска – Ашлеј Какијај (Холандија) 0-4
-67 кг
Давид Петков – Јевгени Середа (Украина) 4-2
Давид Петков – Алесандро ди Марко (Италија) 1-0
Давид Петков – Џоби Вилсон (Англија) 4-1
Давид Петков – Валентин Наида (Украина) 1-4

-75 кг
Петар Заборски – Саман Едалати (Иран) 0-3
-84 кг
Петар Спасеновски – Аро Туоминен (Финска) 3-6
-84 кг
Витомир Трајковски – Давид Шетохин (Украина) 6-1
Витомир Трајковски – Хон Ибара (Шпанија) 3-0
Витомир Трајковски – Нико Мантере (Финска) 1-2

На Карате 1 Серија А настапуваа 946 натпреварувачи од 83 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО