Шампионот и претендентoт за светската титула сега се во Хамбург.
Хистеријата што владее околу борбата на годината, а која треба да им ја приредат на своите навивачи Владимир Кличко и Кубрат Пулев, влегува во финалната фаза. За средбата на 15 ноември останаа само најскапите билети за ВИП местата во „О2 Арената“.
– Дури и тие се нудат по речиси двојна цена. Со парчето хартија за гала вечерта во Хамбург се тргува со 2.000 евра на интернет. Дури и тие се бројат на прсти, до вчера, во најпознатата онлајн продавница Ebay, се продаваа четири слободни билети за средбата.
За мечот во сабота, кој ќе одлучи кој е достоен да се нарекува шампион на планетата во тешка категорија, домаќините чекаат полни трибини. Капацитетот на салата е 16.000 гледачи.Од денес, и Кличко и Пулев се веќе во Хамбург. Украинецот пристигна со цел придружба од австриското гратче Гоинг, каде што беше неговата тренинг база.
Кличко (38) не загубил меч од 10 април 2004 година. „Челичен чекан“ ќе отседне во хотел, а не во стан во вториот по големина град во Германија, тврдат медиумите во неговата татковина. Причината за тоа е што тој не може да го собере целиот свој тимна едно место.
До вчера тренинзите на 33 годишниот Кубрат одеа со полна пареа во базата на неговиот клуб ” Зауерланд ” во источен Берлин. Кличко има 65 натпревари на професионалниот ринг, од кои во 62 излегол како победник. Кобра е со 20 средби зад себе, со исто толку победи.Натпреварот ќе започне околу 23 часот.