ДНК тест докажа оти Конор Мек Грегор не е татко на вонбрачно дете

Ирската суперѕвезда Конор Мек Грегор победи во една од своите битки надвор од октагонот. Поранешниот двократен шампион во УФЦ докажа дека Тери Мареј лажела дека е татко на нејзината едногодишна ќерка. Ова беше потврдено со ДНК-тест, по инсистирање на Конор.

Мајката тврди дека спиела со ММА борецот во Ливерпур во 2017 година, само една недела пред да се роди првото дете на Мек Грегор. Спиеле два пати и таа забременила.

Се испостави дека нема биолошка врска помеѓу Ирецот и ќерката на Тери.

Конор тврди дека никогаш не спиел со таа жена – „Таа само сака пари“.

Со ДНК-тестот, сагата завршува и суперѕвездата остана со еден проблем помалку пред долгоочекуваното враќање во кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON