Дмитри Бивол планира да се врати во октомври

Еди Херн рече дека неговиот клиент, шампионот на ВБА во полутешка категорија Дмитри Бивол планира да зачекори во рингот во октомври.

Во моментов се водат преговори со потенцијалните ривали. Рускиот шампион последен пат ја одбрани титулата во ноември 2022 година, кога со одлука го победи Мексиканецот Жилберто Рамирез. По оваа борба постојано се зборува за две супер борби со учество на Дмитри Бивол.

Првата е реванш со Канело Алварез, а вториот е обединувачка со Артур Бетербиев. За жал, и Алварез и Бетербиев веќе имаат закажани борби. Бивол се уште е без противник, но сака да се врати во октомври, што ќе значи дека е надвор од теренот скоро 1 година.

„Тој ќе се врати во рингот во октомври. Зошто мисли дека не се бори? Затоа што беше повреден. Ќе биде подготвен да се врати во октомври“, изјави Еди Херн.

Ако го погледнеме рангирањето на ВБА во полутешка категорија, по Бивол следат тројца Британци – Џошуа Буаци, Ден Азис и Ентони Јард, како и Американецот Џо Смит. Со Смит Бивол веќе боксираше и го победи. На Буатси и Азис им биле понудени борби со Дмитри, но и двајцата одбиле.

Затоа, тимот на Дмитри ќе оди понатаму на листата. Следен е ВБА број три, Ентони Јард. Самиот Бивол рече дека Јард е се подобар и подобар, па можеби оваа борба моментално е една од најинтересните и најинтригантните за Дмитри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dmitry Bivol (@bivol_d)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON