Дмитри Бивол: Немам мотивација за Канело во мојата категорија

Рускиот непоразен боксер, шампионот на ВБА во полутешка категорија, Дмитри Бивол одговори на предизвикот на Мексиканецот Сол „Канело“ Алварез.

Минатиот викенд Канело се врати во рингот и го совлада Џон Рајдер. Тоа се случи на боксерска гала вечер во Мексико. Алварез победи со одлука, а потоа го предизвика Бивол на реванш во полутешка категорија.

„Сите знаат дека сакаме реванш со Дмитри Бивол. Исти правила, исти услови, исто сè. Сакам да биде така“, изјави Канело по борбата со Џон Рајдер.

Минатиот мај Дмитри Бивол го победи Сол Алварез со едногласна одлука да ја одбрани титулата во полутешка категорија на ВБА. Бивол сега ги сака титулите на Алварез во супер средна категорија бидејќи нема мотивација да се бори со Канело во полутешка категорија.

„Зошто да имаме реванш на 79 килограми? Кој ќе биде предизвикот за мене? Која е мојата мотивација кога веќе го победив во оваа категорија? Мислам дека не треба да се грижам за тоа кој што мисли.

Се работи за тоа што сакаме. Мислам дека ако Канело сака да ме победи, тогаш треба да има поголеми шанси во суперсредна категорија, бидејќи тоа е неговата тежина.

За мене мора да има мотивација и предизвик“, изјави Бивол за ЕСПН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО