Дионтеј Вајлдер ја одбрани титула со нокаут во првата рунда против Доминик Брезил, така што интересот за борбата меѓу него и Ентони Џошуа стана уште поголем. Бронзениот бомбардер и ветува на фановите дека битка меѓу него и ЕЏ ќе има, а и двајцата нема да завршат како Ленокс Луси и Ридик Боу, кои не се пресметаа во рингот. Вајлдер верува дека се работи за време и повикува на трпение.
„Не сакам да завршиме како Ленокс Луси и Ридик Боу кои така не го споделија рингот. Јас дефинитивно не го сакам тоа. Во моментов, во тешка категорија е жешко. Мораме да им дадеме на фановите она што го сакаат од нас. Се обидовме неколку пати, но работите не се случија. Мислам дека следниот пат кога ќе започнеме преговори, тие ќе нè доведат до средба во рингот.
Мислам дека борбата меѓу мене и Ентони Џошуа е нешто што ќе се случи. Сакам навивачите да имаат стрпение и да не осават да го направиме она што го правиме. Ветувам дека ќе има таква борба. Не можам да кажам што е следно за мене. Сакам најголеми битки кои се можни. Долго се докажувам. Ги симнав стандардите и се борев против Ортиз и фјури, а тоа беа средби во кои ризикот беше поголем за разлика од профитот“.