Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер верува дека ќе го победи Тајсон Фјури. Тие ќе се соочат по трет пат на 9 октомври во Лас Вегас.
„Бронзениот бомбардер“ сака крвав реванш против Фјури, кој го нокаутира во почетокот на 2020 година и му го одзеде статутот без пораз. Вајлдер се раздели со серија од 42 последователни победи и титулата, која ја одбрани 10 пати.
Сега Дионтеј верува дека се случила втората фаза од неговата кариера.
„Никогаш не сум бил толку фокусиран во кариерата. Мило ми е што сум на оваа позиција. Ова е втора фаза во мојата кариера. Во првата фаза ги бранев титулите 10 пати во 5 години.
Понекогаш ме ценеа, а понекогаш и не. Колку повеќе ја одложуваа битката, толку повеќе време имавме за тренинг. Само сакам да му го сритам задникот на Тајсон Фјури.
Работите се толку едноставни. Сакам да му го сритам задникот. Сакам крвава одмазда. Од мене зависи. На 9 октомври ќе се одмаздам. Око за око. Тоа ме интересира.
Подготвен сум да ви покажам дека на 9 октомври делата ќе зборуваат. Ќе покажам кој сум и што претставувам. На сите обожаватели им велам дека не треба да трепкаат“, рече Вајлдер.