Дионтеј Вајлдер против Роберт Хелениус на 15 октомври

Дионтеј Вајлдер се враќа во рингот на 15 октомври во Њујорк, САД.

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија на ВБЦ ќе се бори со Финецот Роберт Хелениус. Веста ја пренесе ЕСПН.

Вајлдер не се натпреварувал од октомври, кога во третата борба против Тајсон Фјури (32-0-1, 23 КО) загуби со нокаут во 11. рунда и го забележа вториот пораз во боксот. „Бронзениот бомбардер“ има скор од 42-2-1 во бокс и има 41 победа со нокаут.

Хелениус, пак, има скор од 31-3 и е во серија од 3 последователни нокаут победи. На 20 мечеви победи со нокаут. Последен го нокаутира Ковначки на крајот на 2021 година во Невада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON