Дионтеј Вајлдер признава дека сака да се бори со Ентони Џошуа на Вембли

Најдобрите во тешка категорија Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа се сретнаа во декември на истиот настан. Бронзениот бомбардер боксираше против Џозеф Паркер, а Еј Џеј се бореше со Ото Валин.

Сите очекуваа дека и двајцата ќе бидат успешни во настапот, па по долгогодишно ривалство конечно во почетокот на 2024 година да се најдат во рингот во меѓусебна пресметка.

Џошуа ја заврши својата работа со Швеѓанецот со прекин по петтата рунда, а Вајлдер беше неубедлив и премногу резервиран и на крајот загуби од Паркер.

Нивната борба беше откажана, а Британецот закажа меч против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану, кого го нокаутираше во втората рунда.

А Вајлдер сега има борба против Жилеј Жан на 1 јуни. Бронзениот бомбардер неодамна изјави дека доколку биде успешен против Кинезот, ќе бара меч со Џошуа на Вембли.

„Можам да дојдам во Лондон, тоа би било фантастично. Имам многу фанови таму и верувам дека би ме поддржале без разлика што се борам против нивниот сонародник“, изјави Дионтеј Вајлдер и додаде:

„Го сакам тој меч. Никогаш не бегав од противник ниту избегнував борба. Да им го дадеме на навивачите тој меч. Сакам само големи борби и најдобри противници. Но, нека помине прво мечот закажан за 1 јуни, па ќе видиме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON