Дионтеј Вајлдер по поразот даде мислење за силината на ударот на Џозеф Паркер

За време на мечот меѓу Дионтеј Вајлдер и Џозеф Паркер на неодамнешниот настан во боксот во Ријад, се чинеше дека Новзеландецот е близу до победа со нокаут против поранешниот шампион на ВБЦ.

Поточно, Бронзениот бомбардер беше непрепознатлив, а неколку пати по комбинациите на големиот Паркер се најде во опасност, но го издржа секој напад на неговиот противник и остана на нозе.

Паркер доминираше во текот на целиот меч, на крајот убедливо е поразен со едногласна одлука на судиите (118-111, 120-108 и 118-110).

За нешто повеќе од две години на Вајлдер ова му беше само втора борба, го нокаутира Роберт Хелениус во првата рунда минатата година.

Бронзениот бомбардер се надеваше на повторен напад на врвот во тешка категорија, а пред тоа скоро имаше договорено соочување против Ентони Џошуа, но по поразот тој веројатно го загуби тој меч.

Во интервју за 78SportSTV, американскиот боксер ја опиша моќта на Паркер за време на борбата, а особено во осмата рунда кога поранешениот шампион на WBO сериозно му се закани.

„Добро ме закачи и бев изгубен за една минута. Не знаев каде сум или што се случи. Неговиот удар легна добро, но ништо не ме повреди. До тој момент скоро и не остеив ниту еде негов удар “, рече Дионтај Вајлдер.

Паркер со победата ја попречи борбата на Вајлдер против АJ, а тоа може да се заклучи од изјавата на промоторот на Џошуа, Еди Херн, кој објави по натпреварот дека Ентони може да го има следниот меч за ИБФ -појасот против најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО