Дион Лена и Алим Насуфи освоија златни медали на „Адем Јашари“ во Приштина

Меѓународен боксерски турнир „Адем Јашари“ во Приштина нашите боксери Дион Лена и Алим Насуфи освоија златни медали.

Алим Насуфи е прогласен за најдобар боксер, а Радмила Симевска за најдобар судија.

Во полуфиналето Дион Лена славеше против Гентрит Гаши од Косово со прекин во втора рунда, Алим Насуфи над Патриот Бехрами (Косово) со нокаут во трета рунда. Во финалето Дион Лена беше подобар од Најден Рачов од Бугарија со прекин втора рунда. Исто така и Алим Насуфи славеше со прекин во втора рунда против Лорис Идризи.

На турнирот присутвуваше и претседателот на Националната боксерска федерација на Македонија, Фатон Салиху, кој доби признание од организаторите за придонес во боксерскиот спорт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON