Го осудија Феликс Вердехо на доживотен затвор

Порториканскиот професионален боксер Феликс Вердехо е осуден на доживотен затвор за убиството на бремената љубовница Кеишла Марлен Родригез, како и за убиството на нивното неродено дете.

Потсетуваме дека убиството се случи во април 2021 година. Вердехо се сретна со Родригез, кој сакаше да разговара со него. Вердехо ја нокаутира својата бремена љубовница, а потоа пука во неа и ја фрла од мост. Нејзиното тело беше пронајдено следниот ден во лагуната Сан Хозе. Во моментов боксерот има две недели да поднесе жалба на судската одлука.

Феликс Вердехо има 30 години. Порториканецот е поранешен репрезентативец и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2012 година каде што загуби во четвртфиналето од Васил Ломаченко. Вердехо го имаше своето професионално деби во истата 2012 година и имаше 29 борби во кариерата, од кои победи на 27.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО