Димовски: Медалот на Ардијан Аземи е голем ден за македонскиот бокс, го вративме на европската мапа

Денес беше уште еден голем ден за нашиот спорт, а посебно за боксот, истакна претседателот на Боксерската федерација на Македонија Примсилав Димосвки на својот Фејсбук профил по повод победата на Ардијан Аземи во четвртфиналето на Европското првенство за јуниори (17 и 18 години) во Будва, Црна Гора, и освојувањето на бронзенниот медал со пласманот во полуфиналето.

Аземи го совлада Хрватот Дује Гацина, а за влез во финалето ќе се бори со рускиот боксер Владсилав Комаров на 20 ноември.

„После првиот медал освоен на Европско првенство за млади пред 25 години и последниот на Европското првенство за сениори пред 12 години, денес се израдувавме на сигурниот медал на Европското младинско првенство во Будва, обезбеден од Ардијан Аземи. Ардијан денес „избоксува” да се почуствувам исто како во 1995 година во Турција, тогаш како боксер кој освоил медал, а денес како престедател на боксерска федерација со боксер што освојува медал на Европско првенство. Честитки на Ардијан Аземи и неговиот тренер Насер Харуни. Успеавме македонскиот бокс да го вратиме на европската мапа“, напиша Димовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО