Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија го прифати барањето на тренерот на репрезентација во кати, Златко Димоски, за помошник тренер на престојното Светско првенство за сениори, да биде назначена Елизабета Димоска.
Од друга страна, беше потврдена одлуката завршните подготовки на сениорската карате репрезентација да се одржат од 26 до 31 октомври во Охрид.
ipon.mk/В.Д.