Боречкиот клуб Спартак е далеку од славните денови кога беше и вицешампион на Европа, но и од годините во независна Македонија, кога се бореше за врвот на Македонската прва лига, а неговите борачи на државните првенства оставаа посебен белег, додека репрезентацијата секогаш имаше претставници од кочанскиот клуб.
Пред извесно време Александар Павлов, млад борач, се ангажираше да се одржи тренажниот процес во клубот, но и да зачлени нови членови.
–Клубот го допре дното со немањето на тренерска школа. Покрај финасиските проблеми, бидејќи функционираме само со средствата што ги дава Општина Кочани за развој на борењето, клубот има проблеми и со тренерскиот кадар, поради немањето на сопствена школа, вели претседателот на клубот Јордан Димитров, додавајќи дека во соработка ФСБМ се направат напори за остручување на тренерски кадар, лани и годинава по еден тренер од клубот ги следеле семинарите на Корнеев во Штип. Тој е благодарен на Агенцијата за млади и спорт и на ФСБМ што овозможуват да се следат промените во борењето.
Според Димитров, причините за падот на кочанското борење не треба да се бараат во овие неколку години, туку тој процес е почнат пред 15 до 20 години. Моментално во клубот вежбаат 15-16 деца, а минатата година по 2-3 натпреварувачи во пионерска, кадетска и јуниорска конкуренција учествувале на првенствата и турнирите во нашата земја.
-Правиме напори со професорите и училиштата борењето да го афирмираме меѓу најмладите. За разлика од другите спортови, во БК Спартак не се плаќа членарина. Минатата година обезбедивме тренерки и патики, истакнува Димитров.
Тој се надева дека Федерацијата ќе застане на здрави нозе за да ги помага клубовите, а со тоа и развојот на борењето. Димитров смета дека годинава може да се душеците за тренинг.
-Спонзори нема. Само Општината издвојува пари за борењето. Се се врти околу парите. Кога имало спонзори како Руен, Европа ’92 и тренерите биле заинтересирани за борењето, нормално, поголем бил интересот и кај самите борачи. Ќе биде многу тешко Спартак да се врати на старите патеки. Ќе треба да се вклучат и родителите, зашто до сега не се плаќало ништо. Ќе нагласам дека борењето е олимписки спорт и дека секој успех носи привилегии, мислам на финансиски, што ги обебедува АСМ и МОК, посочува претседателот на Спартак.
Димитров истакнува дека со залагањето на Општината, каде што тој е претседавач на Советот на Општината, дека ќе се привлечат повеќе млади во борењето, со што ќе произлезе квалитет за поголеми успеси.
ipon.mk/В.Д.