Димитар Ѓоргиев: Задоволен сум со бронзата, занев дека нема да ми дозволат по 4-ти пат да бидам светски шампион! (ФОТО)

Димитар Ѓоргиев кој го единствениот медал за македонската кик бокс репрезентација, бронзениот, на Светското првенство во кик бокс за сениори во Будимпешта, Унгарија, вели дека е задоволен од успехот што го постигна, бидејќи тоа е Светско првенство.

„Задоволен сум, сепак е медал од Светско првенство! Опомените и минус поените беа смешни и непотребни, но и самиот знаев дека по 4-ти пат нема шанси да ми дозволат да земам злато“, вели освојувачот на бронзениот медал Димитар Ѓоргиев.

За неговата понатамошан кариера вели:

„Имам 24 години, ова е за мене почеток на кариера“!

Да потсетиме дека Ѓоргиев во категоријата до 74 килограми во полуфиналето на кик лајт дисциплината беше поразен од Словакот Марек Карлик со 1-2, со што беше оневозможен по четврти пат да се бори за светската титула.

Што планира во идина!?

Во иднина немам посебни планови. За почеток малку одмор! Сепак, ми беше преголем стрес и пристисок ова првенство, за понатаму  се знае, само борби и победи“, каетгоричен е Ѓоргиев.

-74 кг Димитар Ѓоргиев – Кристоф Каезер (Швајцарија) 2-1

-74 кг Димитар Ѓоргиев – Алекасндрос Вагијанос (Грција) 3-0

-74 кг Димитар Ѓоргиев – Марек Карлик (Словачка) 1-2

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО