Димитар Ѓоргиев: Ќе дадам се од себе да се интонира македонската химна! (ФОТО)

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев, утре се бори за четврта светска титула на Светските кик бокс првенства на ВАКО, кое сега се одржува во Италија.

Ѓоргиев во финалето за златниот медал ќе се бори со Никола Дробњак од Босна и Херцеговина кој во полуфиналната борба славеше против Елјан Алкишиев од Азербејџан. Димитар, пак, го победи Никола Николов од Бугарија.

„Одам на победа“, беше првата изјава на Ѓоргиев.

Димитар вели дека со Дробњак се има борено.

„Искусен борец, но ќе дадам се од себе да се пее нашата химна на пиедесталот“, истакна Ѓоргиев.

Ништо не и препорачува на македонската јавност, но за една работа му е жал.

„Криво ми е што не можевме да бидеме повеќе борци од Македонија во финале“.

„Диме во финале се бори со Никола Дробњак од Босна и Херцеговина, очекувам победа и злато“, рече селекторот Дејан Митровски – Урко.

Финалето е закажано за 12:40 часот на ринг 2.

Резултати – СП:
Лоу кик
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
Полуфинале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
Финале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ)

Медалите на Димитар Ѓоргиев:

2011 – Светско првенство – златен медал – кик клајт

2012 – Европско првенство – сребрен медал – кик клајт

2013 – Светско првенство – златен медал – кик клајт

2014 – без медал

2015 – Светско првенство – златен медал – кик клајт

2016 – Европско првенство – бронзен медал – кик клајт

2017 – Светско првенство бронза

2018 – Европско првенство – златен медал – лоу кик

2019 – Светско првенство – бронзен медал

2021 – финале Светско првенство – лоу кик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО