Димитар Георгиев го совлада Русинот Андреј Максјута со 3-0 на Европското превнство во кик бокс во Марибор, Словенија, во дисциплината лајт-кик во категоријата do 79 килограми. Во наредното коло ќе се сретне со Јани Лорбер.
И Кристина Стојчевска излезе на татамито во Марибор. Таа во категоријата до 55 килограми во лајт-кик се сретна со Дорота Годзина од Полска и загуби 0-3.
На Европското првенство учествуваат 32 држави со 609 натпреварувачи, а нашата репрезентација настапува со четворица, покрај Георгиев и Стојчевска, на ЕП се Мики Манојловски и Милан Кубин.
ipon.mk/В.Д.