Дилиен Вајт се договорил со врвен противник?

Британската ѕвезда во тешка категорија, Дилиeн Вајт, е решен да ја продолжи својата кариера во 2026 година и веќе го именуваше човекот што најмногу го сака за следната борба. По низа спектакуларни борби со Ентони Џошуа, Александар Поветкин, Оскар Ривас и Џозеф Паркер, Вајт честопати беше на работ да стане најдобар во светот, но тој не е од оние што се плашат од големите борби.
Во последната борба Вајт беше запрен за помалку од две минути од младата сензација Мозес Итаума откако беше надвор од рингот речиси една година и имаше само две борби од 2022 година.
Промоцијата на Амир Кан неодамна му понуди борба со поранешниот шампион Лоренс Околи, но тимот на Вајт ја отфрли како „несоодветна“ и „понижувачка“.
Менаџерот на Вајт, Мајкл Офо, за Ток спорт откри која е всушност неговата цел број 1:
„Борбата со Чисора е она што Дилиен го сака. А ние ја сакаме. Притискаме таа да се случи во првиот квартал од следната година. Нема одложување од наша страна – пенкалата се подготвени за потпишување на договорот… Пречката е Дерек“.
Вајт и Чисора имаат богата историја. Нивната прва борба во 2016 година заврши со контроверзна поделена одлука во корист на Вајт. Во реваншот во 2018 година Чисора се бореше силно, но беше нокаутиран во 11-тата рунда од моќен десен удар.
Вајт јасно стави до знаење дека е подготвен за трилогијата веднаш – сега топката е во дворот на Чисора.



