Дилиeн Вајт го победи Џермејн Френклин со мнозинска одлука

Британскиот боксер Дилиен Вајт многу потешко стигна до победата од она што го најави против непоразениот Американец Џермејн Френклин.

Боди Снетчер го победи Френклин со мнозинска одлука (116-112, 116-112, 115-115) на боксерскиот настан ОВО арена Вембли.

Дилиен веднаш го наметна својот ритам, добро удираше, а Американецот се закани со контри. Во продолжението се попрецизни се ударите на британскиот боксер.

Вајт го притисна противникот на јажињата за дополнително да го измори. На половина од натпреварот и двајцата разменија одлични комбинации, а Френклин стануваше поопасен.

Во осмата рунда Дилиен го намали темпото, а тоа го користи Френклин, па упати неколку добри удари по главата и телото.

Вајт продолжи да го контролира Френклин со предни директи, но на крајот од деветтата рунда се најде во неволја по одличната серија на Френклин.

Во последните три рунди борбата беше малку поотворена и можеше да се види дека и двајцата веќе беа доста уморни.

Вајт продолжи да работи директи и да удира во телото, додека Френклин се задржа на поединечните удари и заканите од контра нападот.

Во последните 40 секунди, Френклин се вклучи во отворена размена на удари каде што Вајт беше малку подобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON