Дилиен Вајт е навреден од понудата на Еди Херн за меч со Џошуа

Еден од топ боксерите во тешка категорија, Дилиен Вајт (25-1, 18 КО), објави дека е директно навреден од добиената прва понуда од промоторот Еди Херн за евентуален меч со шампионот на три федерации, Ентони Џошуа (22-0, 21 КО). Како што е познато, Вембли е резервиран за 13 април, но се уште не е знае кој ќе биде противникот на британскиот хегемон во категоријата.

„ Ја добив првата понуда, но таа навистина е смешна. Парите се многу помалку од оние што ги добив за борбата со Дерек Чисора! Јавно не се сериозни за овој дуел, бидејќи оваа понуда е само за одбивање на броеви. Единственото објаснување е ароганција, бидејќи не разбирам каква друга причина може да има. На сите им е јасно дека само за борба со мене Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер може да го наполнат Вембли, ако зборуваме сериозно“, изјави Вајт за Ток спорт.

Бидејќи Еди Херн е промотор и на Вајт, изгледа чудно како му упатил така „смешна“ понуда, ако во реалноста има намера да организира реванш меѓу Џошуа и Вајт. Пред четири години ЕЏ го нокаутира противникот во седмата рунда без особени проблеми и ќе биде голем фаворит и во реваншот, ништо од тоа што Вајт оттогаш постигна девет последователни победи.

Друга опција за противник на Џошуа е Американецот Џарел Милер, кој со сигурност многу повеќе би помогнал за популаризација на шампионот во САД. Не е исклучено Еди Херн да чувствува дека преку таков дуел може иделано да ја загрее работата за евентуален меч за обединување на титулите со Дионтеј Вајлдер, бидејќи во моментов попопуларен во Америка е Тајсон Фјури.

https://twitter.com/talkSPORT/status/1083712863242502147?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083712863242502147&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D765168

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО