Откако вчера изненадувачи Конор Мек Грегор се распиша на Твитер, тврдејќи дека го „смачкал и контролирал“ Нејт Дијаз на подот во нивната прва борба, притоа додавајќи дека во реваншот ќе го „школувал“, Дијаз му одговори на едноставен, но генијален начин.
„Бел појас“, напиша Дијаз.
Дијаз го порази Мек Грегор на УФЦ 196 во март. Иако Ирецот беше голем фаворит, и првично ја контролираше на борбата, Дијаз во средината на втората рунда направи пресврт за на крајот да дојде до победа давење на подот. „The Notorious“ изјави дека недостатокот на гориво го довел до пораз, а за Дијаз рече дека направил повеќе изговори за првите 8 минути на борбата, отколку тој за последните две.
Реваншот беше предвиден за јули на УФЦ 200 во велтер категорија, но шефовите на компанијата ја откажаа од борбата откако Мек Грегор одби да ги изврши неговите медиумски должности. И покрај тоа нив двајацата, целата компанија и голем дел од навивачите и понатаму сакаат да го видат реваншот, Мек Грегор предсе ќе мора да ја брани титулата во перо категорија против победникот од борбата Хозе Алдо – Френки Едгар.