Мек Грегор: Ги соборив сите рекорди, го претсигнав Леснар и поставив бројки кои УФЦ 200 нема да ги надмине!

Conor-McGregor-obvitkan so zname

Конор Мек Грегор веќе некое време е отстранет од листата на борби за УФЦ 200, но без коментари за истиот се чини дека не може. Ирскиот борец вчера одлучи да одговори на прашања од фановите на Твитер во кои откри неколку занимливи информации.

За соборувањето на рекордите и престинување на УФЦ 100

„Не само што може со сигурност да кажам, туку тоа може да го поткрепам со факти. Го држам ППВ рекордот, по бројот на билети, како и телевизискиот, Fightpass иEmbedded рекордот. Дури и рекордот за тараењето на борбата за титулата. Го поминав рекородот на Леснар од 400.000 ППВ, што само по себе е 100.000 повеќе од УФЦ 197. Мислам дека УФЦ 200 нема да ги достигне тие бројки“.

За новиот настап

„Се радаувам на борбата за обединување на титулите кон крајот на годината, но како што реков, борците во перолесна не разбираат …“

За коментарите на Дијаз, дека Конор и со полн трениг-камп никогаш нема го погоди

„Изнесе повеќе изговори за првите осум минути на нашата борба, отколку јас што ги изнесов во последните две години. На подот го смачкав и го контролирав, но кога ќе останете без снага тогаш никаква вештина не може да ви помогне“.

Фанови го спрашуваа Мек Грегор и за неговата борба на партер, како и за предноста што ќе ги има Дијаз во големината и во кондицијата. Сепак, тоа премногу не  го загрижува „Озлогласениот/Notorious“ кој верува дека успешно ќе се прилагоди на се што би можел Дијаз да понуди, но и истакна дека ги цени издржливите спортисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО