Добри вести доаѓаат за сите љубители на Ник Дијаз.
Популарниот борец од Стоктон конечно ја расчисти ситуацијата со УСАДА и така ја прифати суспензијата за тоа што дуриво во три наврати за 12 месеци беше недостапен за воннатпреварувачко тестирањето, односно во тој период не и го пријавуваше својот моментален престој во Агенцијата.
34-годишниот Дијаз доби едногодишна суспензија, а почна да тече на 19 април 2017 година, што би значело дека за девет дена нема да има пречки за враќањето на октогонот.
Ник во борилиште не сме го гледале од јануари 2015 година кога се пресмета со Андерсон Силва. Тој меч конечно беше запишан како „без одлука“, бидејќи и двајцата беа позитивни на допинг тестовите, Бразилецот поради стероиди, а Дијаз поради марихуаната.