Поранешниот борец на УФЦ, Нејт Дијаз е во сериозни проблеми и се соочува со затворска казна до осум години.
Имено, Дијаз учествувал во инцидент во Њу Орлеанс кога заспал лице со кое се скарал на улица така што го задушил (нинџа давење).
На социјалните мрежи се појави снимка од инцидентот по тепачката каде што предизвика и хаос, притоа фрла пластично шише кон ријалити ѕвездата Чејс ДеМур.
На видеото се гледа како Дијаз го гуши до несвест Родни Петерсон, кој го нарекуваат љубител на Јутјуберот и боксер Логан Пол, братот на многу попознатиот и поуспешен Џејк.
Former UFC Superstar Nate Diaz catches some dude in a Ninja Choke and puts him to Sleep during a Street Fight last night…
[🎥 @PaulLABamba] pic.twitter.com/ZmPcW3pBAu— Fight Haven (@FightHaven) April 22, 2023
Полицијата распиша налог за апсење на 38-годишната Нејт Дијаз.
Покрај осумгодишната затворска казна, Дијаз може да биде казнет и со парична казна од 2.000 долари.
Во својата ММА кариера извојува 21 победа и има 13 порази. Неодамна ја напушти најголемата светска ММА организација, а во август треба да боксира против познатиот јутјубер Џејк Пол.